Костадинов: Додека бил советник на Груевски, Мицкоски од Владата добил земјиште за хидроцентрала

СДСМ денеска презентираше документи, кои според партијата, говорат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски додека му бил советник на поранешниот премиер Никола Груевски од Владата добил земјиште од 33 илјади метри квадратни за изградба на хидроцентрала во катастарската општина Пехчево и оти за тоа имало и одлука објавена во Службен весник.

– На 1 декември 2015 година, во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски, по пат на непосредна спогодба, од Владата на истиот тој Никола Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала, во Катастарската општина Пехчево. Земјиштето, сопственост на Република Македонија, од Владата на Груевски е доделено на конзорциумот во кој што е и фирмата каде сопственик е Мицкоски, „Енерготек ДОО Скопје“. Ова е класичен судир на интереси. Во тоа време, декември 2015 година Христијан Мицкоски му бил советник на тогашниот премиер на Владата, Никола Груевски, и тоа за енергетика. Ова се шемите на антизападниот пион Мицкоски и неговиот ментор, Никола Груевски, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

 

За овој, како што вели, класичен судир на интереси, кога е доделено земјиштето во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски за енергетика, очекува надлежните институции да реагираат.

-Антинародното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера призна дека Мицкоски експресно добивал бизниси од Владата на Груевски, но, лажно тврдеше дека тоа не било во времето додека му бил советник. Фатени во уште една лага, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, заглавено во сопствената изолација, денеска треба да им се извини на граѓаните за тоа што ги излажа, рече Костадивов..

Тој додаде дека мотивите поради кои, како што рече, антизападниот пион Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот ментор Груевски излегуваат на површина и притоа ги повикува преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики туку да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО. 

 

 

 

28.10.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега