Попладнево средба на Канческа Милевска со Заев

Екс министерката Елизабета Канческа Милеска како координатор на исклучените пратнеици од ВМРО-ДПМНЕ попладнево во Собранието ќе се сретне со Заев во рамки на разговорите за нивните предлози за дополнување на уставните амандамани во процесот за промена на Уставот со цел промена на Уставното име.
Информацијата за ТВ 24 ја потврдил висок функционер во Владата.
Според истите информации, покрај Канческа на средбата треба да присуствуваат и пратениците кои тазе излезени од притвор дадоа поддршка за старт на процесот на промена на Уставното име.
Покрај Заев на средбата треба да бидат и министрите Димитров и Десковска.
Според истиот извор, владината тројка и осумтемината пратеници ќе се координираат околу условите кои ги поставија пратениците за да гласаат за отворање на Уставот. Тие бараат амандмански да се зајакне заштитата на идентитетот, македонскиот јазик, како и употребата на терминот Северна Македонија за внатрешна употреба да биде врзано за членството во ЕУ.

 

 

 

 

29.10.2018 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега