Непознат вид риба уловен кај Радожда (ФОТО)

Рибарски приказни или повторно некој пуштил неавтохтона риба во Охридско Езеро?! Рибари во близина на струшкото село Радожда уловиле досега непознат вид на риба, кој најверојатно не е автохтон за Охридско Езеро.

Како што тврдат, рибите кои се на фотографиите не живеат во Охридско Езеро, и покрај тоа што со години ловат риби, ваков вид риба првпат виделе во нивните мрежи.

Рибарите кои ги уловиле овие риби не пријавиле и не известиле никој од научните институции бидејќи уловот го направиле противправно, па збунети од уловот, но и притиснати од можноста некој да бара одговорност, тие не пријавиле никаде.

Извор: Охрид1

 

 

 

29.10.2018 - 12:59
Фото: 
Охрид1

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега