Данев се повлекува од координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ најверојатно оваа недела ќе достави информација – известување до претседателот на Собранието дека ќе функционира со една пратеничка група, откако дел од пратениците ја напуштија коалицијата на опозицијата, а други осум беа исклучени.

Координаторот на пратеничката група Драган Данев на денешната прес-конференција кажа дека „тој најверојатно нема да биде повеќе координатор на пратечката група“ без да даде образложение за тоа.

Ова следува по гласањето за уставните измени, кога осум пратеници беа исклучени од партијата.

„Имаме коректни односи со пратениците од новата пратеничка група. Ќе оставиме да видиме што ќе биде“, рече Данев запрашан дали се во комуникација со осумте пратеници.

 

 

 

29.10.2018 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа