Осумте пратеници влегоа на средба со Заев, Димитров и Десковска

Новата независна пратеничка група формирана од осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кои гласаа „за“ пристапување кон уставни измени, денеска има средба со премиерот Зоран Заев и министрите за надворешни работи и за правда, Никола Димитров и Рената Тренеска Дескоска, на која ќе се разговара за нацрт-амандманите на Уставот што Владата треба да ги достави до Собранието.

Осумте пратеници се појавија во Собранието, онаму каде што треба да се одржи средбата.

На средбата ќе се разговара за уставните амандмани во согласност со нивните барања за зајакнување на идентитетот, за одложена примена на името Република Северна Македонија по влезот на ЕУ и за ништовност на уставните измени доколку Грција не ја ратификува спогодбата.

Во оваа група се пратениците Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмаиловска Старова и Елизабета Канческа Милевска која ќе биде кооринатор.

 

 

 

 

29.10.2018 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега