Арсовски: Однародената и криминална власт безмилосно ја ограбува државата

Однародената и криминална власт безмилосно ја ограбува државата, а картелот на единствениот аболициран политичар во Европа, Зоран Заев продолжува да се богати на грбот на граѓаните, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не постои ни закон ни институции кои може да ги спречат криминалите на врвот на СДСМ на чело со Зоран Заев. За нив не важи законот, СДСМ е во криминал до гуша. Државата тоне по сите основи, а посебно по прашањата на владеење на правото и правната држава. Поминаа 4 месеци од скандалот во Фондот за иновации во кој што беше замешана пола Влада, а се уште нема никаков епилог од надлежните институции кои треба да ги проверат сериозните наводи за криминал и корупција кои што беа изнесени од наша страна и од страна на медиумите во јавноста.  Очигледно заинтересираноста на Основното Јавно Обвинителство и полицијата за овој случај била колку да се замачкаат очи на граѓаните. 4 месеци по отворањето на случајот и наводното упаѓање на полицијата во Фондот за иновации се уште нема дадено никаков резултат и епилог. Овие две институции 4 месеци не можат да го видат сето она што го виде јавноста за само неколку дена. Тоа е тоа правда и ефективност која што СДСМ и Зоран Заев ја замислуваат. Селективност на секој чекор, таму кај што се работи за функционери на СДСМ да се заташка, а за сите останати кои што се неподобни за овој криминален картел експедитивно да се процесуираат. Лицемерие до бескрај!, потенцира Арсовски.

Тој во име на партијата повторно прашува до каде е истрагата за евентуални сторени кривични дела од постапката за Јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст прв инвестициски бран?

-Има ли за Основното Јавно Обвинителство основа за кривично гонење, доделувањето на грант над 100.000 евра на фирмата во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој што е втор човек на Зоран Заев? Има ли за Основното Јавно Обвинителство нешто сомнително во доделувањето на грантови на фирмите на пратеникот Хари Локвенец, на снаата на Цветанка Ласкова и на останатите блиски луѓе до СДСМ? Дали за Основното Јавно Обвинителство е доволно тоа што евентуалниот криминал бил спречен само од бурната реакција на граѓаните и јавноста поводени од максимата „Ако крадецот биде фатен, фатен. Ако не доволно е само да не биде гонет“. Јавноста чека одговори 4 месеци, ќе се чека се дури институциите јавно, јасно и гласно не се произнесат по овој криминоген и иновативен метод на испумпување на средства од Буџет. Ако Основното Јавно Обвинителство не се одважи сега и не се произнесе ќе се произнесе во некој следен состав на Основното Јавно Обвинителство и некој нов Јавен Обвинител. Кој многу скоро ќе работи ослободен од канџите на овој криминален картел на власт, рече Арсовски.

 

 

 

29.10.2018 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега