СДСМ: Мицкоски фатен си во лага, граѓаните дознаа за шемите со Груевски за хидроцентралите
Антинародниот пион Христијан Мицкоски петти ден се крие зад конфузни реакции на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Хидро Мицкоски се фатени во лага, граѓаните дознаа за шемите со Груевски, како се стекнати хидроцентралите.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ првично тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Потоа, истото тоа антизападно раководство тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во сосема друга компанија односно во „Енергомонт“, за вчера антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека Мицкоски има удел од 7 отсто во конзорциумот „Минка-Енерготек“.
Три дена, три различни тврдења. Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ не може само со себе да се договори што да излаже.
Јавноста денеска ја дозна вистината: компанијата “Енерготек ДОО Скопје“ каде удел има Мицкоски, има удел од 99% во конзорциумот „Минка-Енерготек“.
Очигледна е спрегата на антизападниот пион Мицкоски со криминалите на Груевски и таа излегува на површина.
Затоа Хидро Мицкоски останува само заштитник на криминалите на неговиот ментор Груевски.
Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа