ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во Мицкоски ја гледаат единствената надеж за спас на националните интереси

Заев и неговите пајташи се во огромна паника. Граѓаните видоа како оваа криминална власт ја ограбува државата, а картелот на единствениот аболициран политичар во Европа, Зоран Заев продолжува да се богати на грбот на нароодот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Уставот, законите, правната држава, името, идентитетот, јазикот и историјата се жртва на личните и бизнис интересите на аболицираниот Зоран Заев. Граѓаните во претседателот Мицкоски и во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат единствената надеж за спас и заштита на националните интереси, токму овој факт ја плаши одродената и криминална власт, стои во реакцијата и се додава:

„Македонија не може да се надева на европска иднина без правна држава која СДСМ ја укина. Ова зло мора што поскоро да си замине, за да се тргне сивилото кое надвисна над Македонија денот кога Зоран Заев стана премиер“.

 

 

 

30.10.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега