Арсовски: СДСМ денес ги задолжува граѓаните за нови 58 милиони евра

Власта на СДСМ, Зоран Заев и Тевдовски не запираат со прекумерното задолжување на Република Македонија и на граѓаните. СДСМ денес ја задолжува државата и граѓаните за нови 58 милиони евра. 58 милиони евра ново задолжување. Без основ и без никакво покритие, без најавени проекти, без најава зошто ќе се трошат тие пари, реагира Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта го зголемува јавниот долг и без да има потреба од финансирање на буџетски дефицит тоа го заклучи Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај објавен во врска со Буџетот и Буџетската транспарентност во Република Македонија. Задолжувањето како инструмент на финансирање е оправдано само ако со него се финансира дефицит или капитални инвестиции кои за жал во Република Македонија се премногу ниски. Власта во Македонија не го прави  ниту едното, ниту другото. Нивото на реализација на капитални инвестиции за девет месеци е очајни 27%, односно за три 3/4 од годината реализирана е само 1/4 од капиталните инвестиции. Ова не е лошо почитувани, од ова полошо не може, ова е најлошо. Нема 600 километри нов автопат, нема 550 километри магистрални патишта, нема 1.100 километри нови локални патишта. Запрена е изградбата на клиничките центри во Скопје и Штип, а пролонгирани се сите инфраструктурни проекти кои останаа од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука се поставува логичното прашање на што тогаш се трошат милионите од задолжувањата кои треба да ги враќаат идните генерации, истакнува Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ прашува: Каде завршуваат милионите кои власта секој месец ги зема на заем?

-Како резултат на ваквото неодговорно и расипничко однесување на СДСМ јавниот долг одамна ја проби психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг ја надмина границата од 4 милијарди евра. Со вакво темпо на неодговорно и без покритие задолжување власта ја турка државата кон инсолвентност. Дека темпото на задолжување зазема огромни размери говори и фактот што јавниот долг во вториот квартал од годинава во однос на првиот квартал се зголемил за 0.6%, за само три месеци оваа расипничка власт го зголеми долгот кој ќе го враќаат идните генерации за 0.6%. Ова енормно брзо темпо на задолжување мора уште веднаш да запре. СДСМ и Заев мора веднаш да си заминат. Македонија мора да се врати на вистинскиот пат, порача Арсовски.

 

 

 

30.10.2018 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега