Бил најдобар: Поднесе оставка поради бонусите во ДИК па стана судија

 

Поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи, кој беше разрешен со колегите зашто си делел бонуси, на последната седница на Судскиот совет беше избран за виш управен судија, а на прес-конференција претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски истака дека тој бил најдобар кандидат.

- „Очигледно од мнозинството членови на Судскиот совет  беше најдобриот кандидат. Немаше единство во гласањето, но го доби потребниот број гласови и тука немам што да кажам. Ги имавме предвид сите забелешки, меѓутоа изборот беше таков каков што заврши, пренесе Макфакс.

Инаку, Јакупи кој беше и заменик-министер за правда од ДУИ, заедно со уште седум членови на ДИК поднесоа оставки од функциите од лични причини, а Собранието ги констатира. 

 

 

 

01.11.2018 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега