ФОТО: Возило на Брза помош превезувајќи дете со изгореници удрило во дива свиња во Велес

Директорот на Општата болница Велес, Димитар Стровјаноски на Фејсбук објави дека Брза помош, превезувајќи дете со изгореници на кжКлиника имало сообраќајна несреќа, удирајќи дива свиња на патот.

Како што пишува тој во објавата, за среќа, во сообраќајната незгода нема жртви, но со лесни повреди се здобила сестраната која била во придржуба на пациентот.

Пациентот и повредената медицинска сестра, со возило на итната медицинска помош од Скопје биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

По увидот од страна на полициските службениците, оштетеното возило било отстрането со шлеп-служба.

 

 

 

09.11.2018 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега