Несреќа на македонските патишта: „Хјундаи“ излета од коловозот и се преврте

На регионалниот пат Битола – село Новаци пред село Логоварди вчера околу 15 часот патничко моторно возило „Хјундаи“ со битолски регистерски таблици управувано од 49-годишниот М.К. од Битола излетало од коловозот и се превртело.

-Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

10.11.2018 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега