Драма во ноќен клуб: Пијан охриѓанец извадил нож, повредено едно лице

СВР Охрид соопштува дека во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, синоќа 25-годишниот Ф.А. од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика.

-Тогаш 34-годишниот В.Х., одговорно лице во клубот, го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака, се вели во соопштението од охридската полиција.

На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид.

Ф.А. е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта.

 

 

 

10.11.2018 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега