Сообраќајна несреќа во Скопје - автомобил удри во метална заштита ограда

 

Маж се здоби со тешки телесни повреди по сообраќајна несреќа во Скопје.

Вчера во 16:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза во близина на клучка Хиподром патничко моторно возило „Фолсваген Кеди“ со скопски регистерски таблици управувано од 55-годишниот Б.Г. од Скопје удрило во метална заштитна ограда. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

11.11.2018 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега