Верижен судир во Скопје - маж итно однесен на Клиника

 

Вчера во 11:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Македонско-Косовска бригада“ се случила сообраќајна незгода.

Сообртаќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистерски таблици управувано од 34-годишниот А.О. од Скопје, мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистерски таблици управуван од 39-годишниот А.У. од Скопје и патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистерски таблици управувано од 43-годишниот Р.Б. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.У. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“,  за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил А.О. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

11.11.2018 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега