„Супер Марио“ нема да игра на три натпревари

Од раководството на калчолигашот Милан најавија жалба на одлуката на Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија во врска со случајот Балотели.

Напаѓачот на „росо-нерите“ по завршувањето на неделното дерби со Наполи, незадоволен од неколку судиски одлуки ги навредуваше делителите на правдата и доби црвен картон.

Милан загуби од Наполи со 2:1.

Балотели е казнет од страна на надлежните со забрана на настап на три натпревари.

Доколку  не биде усвоена жалбата, „Супер Марио“ ќе паузира на дуелите против Сампдорија, Болоња и на дербито со Јувентус.

24.09.2013 - 10:12

најчитано сега