Падна Фејсбук: Исчезнаа фотографиите, се појавуваат сиви линии

Друштвената мрежа Фејсбук на многу корисници веќе со денови им задава бројни проблеми. Фотографиите исчезнуваат, страниците се уништуваат, по екранот се нижат сиви линии, а никој не знае што се случува. Општа паника завладеа во светот, бидејќи има сомнение дека има можност оваа друштвена мрежа и тоа како да падне.

Исто така, многумина се плашат од хакерски напади за кои се зборува со денови, односто се смета дека токму тоа е проблемот.

Меѓутоа, оваа друштвена мрежа на мобилните телефони и понатаму работи како што треба,  а од сите страни на светот од страна на администраторите пристигнуваат пораки дека што и да е ќе биде решено што е можно побрзо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2018 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа