Скопјанка го малтретирала бебето - завршило на Ургентен
Како што е наведено во соопштението од ОЈО Скопје, во временски период додека таткото на детето родено во мај 2017 година се наоѓал на издржување на казна затвор, мајката не му пружила соодветна родителска грижа на детето, повремено го оставала само или го препуштала на грижа на други лица без притоа да внимава на сигурноста, безбедноста и потребите на детето. Како резултат на тоа, детето се здобило со тешки телесни повреди на телото и главата со кои бил доведен во опасност неговиот живот и на 7 јули годинава било примено на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во рамки на предистражната постапка, надлежен јавен обвинител сослушал повеќе сведоци и ја испитал осомничената, по што била издадена наредба за утврдување на психијатриската состојба на осомниченото лице, како и наредба за вештачење на видот и карактерот на повредите кај детето.
-До овој момент не е утврден идентитетот на лицето што директно ги нанело повредите кај детето, но надлежниот јавен обвинител и натаму презема дејствија за утврдување на фактите и доколку се утврди кривична одговорност на конкретен сторител и против него ќе биде поведена постапка, се наведува во соопштението.
Од страна на Центарот за социјални работи на детето му е одреден привремен старател и тоа е згрижено во Домот за доенчиња во Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа