Демолирани возила на УБК

Шест службени возила во сопственост на УБК, утрово се демолирани на паркингот пред МТВ, велат од МВР.

И покрај тоа што на паркингот има паркирани и други возила, оштетени се само возилата на УБК, поточно искршени им биле ветробранските стакла.

„Денеска во 08.05 часот пријавено е дека на паркингот кај МТВ се искршени стакла на шест возила, сопственост на УБК и едно возило сопственост на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, посочија од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2018 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега