„Вечерва мора да умреш“ - скопјанец со нож се обидел да ја убие партнерката

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст. 2 т.2 во врска со чл.19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот се товари дека на 02.09.2018 година, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја лиши од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Тој ја разбудил оштетената и по кратка расправија за која мотивот бил љубомора ѝ се заканил со зборовите „вечерва мора да умреш“. Потоа со кујнски нож и нанел тешка телесна повреда во вид на убодна рана во пределот на слабинската регија, со конкретна опасност по нејзиниот живот.

 

Ценејќи дека се уште се исполнети условите поради кои на осомничениот му беше определена мерка притвор, а особено опасноста тој да се даде во бегство и можноста да го повтори кривичното дело или да го доврши обиденото кривично дело, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега