Тешка сообраќајка утринава во Македонија - автомобул удри во камион

Едно лице е повредено при судир на автомобил и товарно возило, рано изутринава во 02.05 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта.

-Се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „ауди“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од Т.М.(25) од село Дреново, Кавадаречко и товарно возило марка „волво“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.Л.(52) од Кавадарци. Во незгодата повредeн е возачот на патничкиот автомобил, кој е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС – ОН Кавадарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега