Прегазен пешак пред средното ПТТ училиште во Аеродром

Со автомобил прегазил пешак пред средното ПТТ училиште во скопски Аеродром. Сообраќајката се случила доцна попладнево, нешто пред 19 часот кога автомобил Опел со скопски регистерски таблички, удрил во пешак кој бил на коловозот. Нема информации дали станува збор за ученик од училиштето. Повредениот веднаш бил префрлен во градската болница но се уште нема информации за неговата состојба.

Полицијата излегла на лице место и извршила увид.

24.09.2013 - 22:11

најчитано сега