Ви треба ли навистина скап телефон?

Мобилната индустрија е исклучително динамична. Трендовите се менуваат буквално за неколку месеци. Технолошките компании се во постојана конкуренција, со цел да им понудат на корисниците на смартфони, нови и иновативни функционалности и можности за интеракција со светот. Сведоци сме како “евтини” телефони стануваат подобри, како добрите телефони се усовршуваат и стануваат уште подобри, како премиум уредите ја надминуваат својата класа со цени од над 1000 евра. Сите тие ветуваат дека ќе го направат животот полесен на еден или на друг начин. На пазар којшто ги презадоволува корисниците со секакви апликации и додатоци, паметниот избор на потрошувачите сѐ почесто изгледа како сериозен предизвик.

Неодамнешно истражување покажува дека секој втор корисник има околу 80 инсталирани апликации на својот смартфон, од кои активно користи помалку од половина. Ова исто така се однесува и за функциите на премиум смартфоните. Статистиката покажува дека се повеќе расте процентот на корисници кои тврдат дека не би ги потрошиле своите заштеди за да го купат последниот модел на мобилен додаток кој излегол на пазарот. Објаснувањето за тоа е очигледно – зошто да плаќате огромна сума на пари за функции кои нема да ги користите, наместо да земете квалитетен уред од средна класа, кој целосно ги задоволува вашите желби и барања и да ја потрошите разликата за... што и да посакате. Тоа би можело да е долго посакуваното и одамна одложувано патување, посебно искуство со вашата сакана личност, подарок за вас итн.

Тоа е можно, затоа што добрите телефони веќе се многу повеќе од добри и целосно одговараат на вашите потреби.

Избравме некои од најмодерните и најскапи функции кои ги нуди пазарот, на вас оставаме да одлучите дали ја заслужуваат вашата инвестиција.

1.   

Вештачката интелигенција (AI) е уште еден хит во смартфон индустријата

AI неминовно го презема пазарот на технологијата, како за телефони така и за многу други производи. Премиум смартфоните имаат интелигентни асистенти. Благодарение на нив, корисниците имаат повеќе можности за интеракција со светот, што го прави секојдневието навистина полесно. Можете да испраќате пораки, да поставувате потсетници, да добивате информации за времето, сообраќајот, насоки за движење, можете дури и да дознаете колку калории има во десертот од вашиот омилен ресторан. Вградена во камерата, AI ви овозможува да создадете своја анимирана верзија, која може да танцува, пее и зборува. Сепак, оваа технологија сѐ уште е во рана фаза на развој и допрва ќе биде усовршувана. Тоа е причината што корисниците ја користат помалку од очекуваното. Освен тоа, такви можности се достапни и во форма на различни апликации кои ќе ви ги овозможат истите информации потполно бесплатно.

2.   

Може ли да преживее под вода водоотпорниот телефон?

Подводната фотографија е необична и навистина прекрасна уметност, но ако сакате да ја развиете во нејзиниот полн потенцијал ниту IP67, ниту IP68 не можат да одговорат на вашите барања. Овие стандарди се наменети не толку за да додадат креативен елемент, колку за да го заштитат уредот при инцидентно наводенување или потопување. Важно е да се знае дека т.н водоотпорни телефони издржуваат до длабочина не повеќе од 2 метри и тоа во слатка вода, а квалитетот на сликите е далеку од оној кој го овозможуваат професионалните акциони камери. Најубавите подводни фотографии се прават во солените води каде стандардите не важат, зошто солената вода има способност да ги разјадува компонентите и соодветно да го наруши интегритетот на уредот и неговата функционалност. Гаранцијата исто така не важи при овие услови. Но, дури и да е гарантирана водоотпорноста на новиот премиум уред, колку од вас мирно би го потопиле во морето?

3.   

Камерата – “осмото чудо на премиум смартфоните”

Ако до пред неколку години беше потребна една, единствена камера на задниот дел од смартфонот, денес цели три не се доволни за да ги задоволат производителите на прекумерно скапи телефони. Создавачите на уреди од високата класа припишуваат завиден број на пиксели, како и комплексни имиња на видовите камери, потпирајќи се, се разбира на повеќе продажби. Излегува дека сепак, тезата за повеќе пиксели кои се еднакви на подобра камера е вистинска заблуда. За просечниот корисник, од големо значење е телефонот да слика добро за да бидат зачувани сите важни моменти во извонредни слики со одличен квалитет. Тоа се постигнува дури и со една, максимум две камери со помалку од 20 MP. Бидејќи клучната карактеристика всушност не е бројот на пиксели, туку нивната големина.

4.   

Супер брз, молскавично брз, ултра брз

Основна карактеристика и јадро на секој мобилен телефон е неговиот процесор. Бидејќи овој елемент и неговата работа ретко се познати до детали за просечниот корисник, тој често е во заблуда дека има потреба од процесор од највисоката класа на пазарот. Овде е важно да се напомене дека производителите на процесори, исто така ги имаат разделено моделите на класи, па затоа понекогаш пониска класа на процесор може да е понов и пооптимизиран од процесор кој е од повисоката класа, но постар модел. Освен тоа, најновите и највисоката класа на процесори често не се користат со нивниот полн капацитет од страна на просечниот корисник. Ако можеме да направиме споредба, тоа е речиси како да си купите скап спортски автомобил кој немате каде да го возите. Постои и уште нешто: корисниците често судат за брзината на телефонот според брзината со која се отвараат различни сајтови. Оваа брзина всушност не зависи од телефонот, туку од интернет провајдерот, така што кога сте во планина и немате добар интернет пристап, не помислувајте дека телефонот ви е слаб.

5.   

Огромна меморија

Генерално, премиум смартфоните често имаат неколку варијанти кои нудат различен обем на внатрешна меморија. Само што, во ерата на cloud услугите можете да чувате еден тон слики и видеа (најголемите фајлови кои заземаат простор) на места како Google Photos, OneDrive и каде уште не. Зошто да чувате сѐ на телефонот, кога тоа само ја оптоварува работата на уредот и ве чини дополнителни средства?

За да се разликува од “модата” на десетици непотребни карактеристики, Motorola практично создава функции кои се фокусираат само на најважното кое ви е потребно. Неодамна беше претставен и најновиот модел на компанијата - motorola one. Тој е дел од Android One програмата која гарантира брза работа на процесорот, благодарение на чистиот оперативен систем и месечните безбедносни ажурирања. Со својот елегантен дизајн, motorola one со сигурност ќе го привлече вашето внимание дури и ако е поставен меѓу премиум уреди. Со него можете да бидете опуштени, затоа што ќе имате енергија за целиот ден со само едно полнење. Благодарение на софистицираната двојна 13 MP + 2 MP камера и предната камера од 8 MP, прошетките во природа ќе бидат зачувани во безброј пејзажни фотографии. Додавајќи им на фотографиите bokeh и spot color ефект, тие ќе станат уште поневеројатни. Со режимот за автопортрет пак, ќе развиете вистински селфи вештини. Сите нови слики ќе бидат сместени во неограничениот (само за модели на Android One) висококвалитетен простор за зачувување во Google Photos, во кој секогаш ќе има место за уште слики. Со motorola one ќе имате уникатна содржина за Instagram и Facebook. Овој смартфон дебитираше со функцијата за создавање на cinemagraphs, која овозможува да анимирате избран елемент од слика, а сѐ останато да замрзне. Сето ова и многу повеќе можете да имате по неверојатно пристапна цена, а остатокот од својот буџет можете да го потрошите за... што и да посакате.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2018 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега