Вработените на Клиника ги блокираа наплатните рампи: Изреволтирани сме од „господинот непривилегиран градоначалник Шилегов"

Вработените во Клиничкиот центар во Скопје веќе втор ден протестираат поради зголемување на цените за паркинг, а денеска како што најавија ги блокираа наплатните рампи.

Доктор Горан Беговиќ, претставник на вработените во Клинички вели дека се изреволтирани од одлуката на Град Скопје и градоначалникот Шилегов кој вчера ги нарече привилегирани.

-Господинот непривилегиран градоначалник Шилегов, вчера нас не нарече привилегирани, затоа што сме имале картички за паркинг простор за кои плаќаме 350 денари месечно, привилигирани затоа што сме користеле 1500 картички, а на нас ни следувале 670 картички за паркинг простор, бидејќи толкав бил капацитетот на овој кампус. Јавно прашувам ако бројот на картички за паркинг на вработените е поголем од капацитетот на паркигнот каде се паркираат пациентите и нивните роднини кога доаѓаат на лекар – вели Беговиќ, пренесе Нова Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2018 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега