Автомобил се заби во камион во Скопје - едно лице тешко повредено

Во 11,30 часот вчера на крстосницата од улица "Ангел Динев" и улица "Есперанто" во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Учествувале товарно моторно возило "Мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Ј.С. од Скопје и патничко моторно возило "Сеат Ибица" исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Ј.М. од Скопје.

По незгодата со друго возило Ј.М. бил пренесен во Градска општа болница "Свети Наум Охридски", каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2018 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега