Полицијата го фати: Маж три години ќе лежи во Идризово
Околу 11,30 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициска станица Гостивар, во село Чегране, гостиварското го привеле 46-годишниот А.С. осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело„ недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
По кусото задржување во Полициската станица Гостивар, А.С. предаден е во затворот „Идризово“ за издржување на затворската казна.
15.12.2018 - 10:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа