Трагедија ја разбуди Македонија: Се преврте македонски автобус, тројца загинаа

 

Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица.

Во сообраќајната несреќа што се случи на автопат во правец на Ниш повредени се 32 лица.

Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.

Крајна дестинација на автобусот требало да биде Виена.

- Ситуацијата беше драматична, автобусот бешепревртен и се бараше дали има уште загинати под него. Пожарникарите влегоа во него. Имаше четворица заробени патници кои не даваа знаци на живот. Дел од повредените имаат скршеници и пукнатини и на чрепот, велат од Итната помош за Курир.рс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега