Скопјанец прегазен и оставен на улица - однесен на Ургентен во тешка состојба

Во 21,35 часот на булевар "Александар Македонски" во Скопје се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило "Опел" со скопски регистарски ознаки удрило во пешак.

Се работи за 21-годишниот С.Р. од Скопје кој бил прегазен и оставен.

Со возило на Итна медицинска помош, С.Р. е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешеки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега