Пожарникарите затекнале ужас: Се проверува дали има уште мртви во автобусот, Македонец со скршен череп

Македонски автобус рано утрово излета од автопатот во близина на Лесковац при што загинаа три лица. Во болницата во Лесковац се префрлени 28 лица, додека 4 лица се во болницата во Ниш.

Автобусот патувал од Штип за Виена. Неофицијално тој влегол во снежна бура по што излизгал и се превртел.

-Автобусот беше превртен, тројца патници не даваа знаци на живот. Екипите на Итна помош од Лесковац кои стигнаа први на лице место им укажаа помош на повредените и направија тријажа. Имаше патници кои беа заробени во автобусот. Нив ги ослободија припадниците на пожарникарската служба. Најтешко повредените ги транспортиравме во Ниш. Еден од пациентите кој е прв згрижен, имаше симптоми на скршен череп, – изјавил доктор од Итната помош од Ниш за српски Блиц.

Во тек е полицискиот увид и утврдување на причините за несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега