Несреќа во Штип: Младо момче зафатено од струен удар додека работело

 

Младо момче од Штип било зафатено од струен удар додека било на работа. Во полициската станица во Штип вчера било пријавено дека во Клиничката Болница Штип бил донесен 18-годишниот С.Ј.(18) од село Парналија, Општина Карбинци кој истиот ден околу 22:45 часот додека бил на работа во фабрика во индустриската зона ,,Македонка,, во  Штип , во близина на работната машина во мрежата за напојување со струја бил зафатен од струен удар. На С.Ј. му била укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2018 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега