Воз „разнесе" автомобил кај Маџари - полицаец загина на лице место

Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

– Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5:50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место, информираат од МВР.

Јавен обвинител од ОЈО Скопје изврши увид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2018 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега