Македонка предизвика пожар - направи штета од 4 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против жителка на село Чифлик, Пехчевско, која предизвикала пожар, при што била предизвикана штета од 4 милиони денари.

Против 60-годишната M.М. е поднесена пријава за кривично дело предизвикување општа опасност.

Според информациите на полицијата, таа на 12 октомври во селото Чифлик, на местото наречено Лаките, запалила оган од кој настанал пожар што почнал неконтролирано да се шири, со што била предизвикана значителна опасност за животот и телата на луѓето и на имотите и материјална штета од четири милиони денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2018 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега