Тргнал да слави Нова Година, се нашол во автобусот на смртта - прилепчанец имал многу среќа

Несреќата со македонскиот автобус која се случи викендов кога тој излета од патот кај Лесковац и понатаму е свежа и болна за многумина, откако 3 лица, две жени и еден маж загинаа, додека повеќе од 30 лица беа повредени, а меѓу нив има и такви кои се критични.

Eден од пациентите кој моментално е хоспитализиран во Клиниката во Ниш е и 55-годишниот Ремзи Демиров од Прилеп, кој вели дека преживеал само затоа што се разбудил неколку моменти пред несреќата и имал неверојатно многу среќа. Сепак, страшните полни вресоци и крв никогаш нема да му излезат од глава.

-Спиев некое време и кога автобусот почна да лизга по пат сфатив дека ќе слетаме, па цврсто се фатив за рачката од седиштето, момент после тоа почувствуваме удар и луѓето почнаа да паѓаат и да врескаат-прераскажува Демиров за српски Курир.

Раката му била заглавена па одвај го извадиле, а несреќата вели ќе ја памети додека е жив:

-Во Виена тргнав да ја посетам фамилијата за Нова година. Им порачувам дека сум добро, бидејќи овде добро се грижат за мене, вели Ремзи од прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2018 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега