Беља побарал средба со градоначалникот на Чаир бидејќи му била стопирана платата - нови детали за пукањето

Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот Принц, бидејќи му била стопирана платата која што ја примал од општината, дознава ТВ21. По ова, неофицијлано, градоначалникот повикал други луѓе, по што настанала тепачка, која завршила со пукање.

Од МВР информираа дека денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул. „Лазо Трповски“ било пукано во 40-годишниот В.Б.од Скопје во пределот на десната подколеница.

Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2018 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега