Кој е Ваљон Беља кој синоќа беше ранет со два куршуми во Чаир?

Ваљон Беља од ДУИ синоќа беше ранет во вооружен напад во скопската населба Чаир. Во него е пукано со два куршуми, по што е однесен во болница. Напаѓачите не се познати.

Беља прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација Реалитети а подоцна и како лидер на партијата Албански Сојуз во 2010 година кога за регионални медиуми тој порачува дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон. Подоцна поваа партија се спојува со ДПА на Мендух ТАчи каде Беља ја добива потпретседателската функција.

По крајот на неговата кариера во ДПА, Беља беше претепан во скопско Кондово од група непознати напаѓачи по што заврши на Ургентниот центар.

Но, по преминувањето во ДУИ на Ахмети, Беља станува познат по заканите кон екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити на кого во јуни 2016та, според информации објавени во медиумите, му испраќа куршум завиткан во салфетка како закана за остварување на неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд. Подоцна тој беше приведен од полицијата во врска со овој настан но епилогот од истрагата е непознат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2018 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега