Пратениците бараат бенефициран статус и по мандатот

Група пратеници, меѓу кои и дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, бараат пратеничките бенефиции да им важат и по истекот на мандатот, информира Телма. Тие бараат кога ќе престанат да бидат пратеници, да ги чека работно место во државна служба.

Во 2005 година беше изгласан Закон кој овозможуваше пратениците да се пензионираат со 25 години стаж и 55 години возраст, а пратеничките, со 25 години стаж и 53 години возраст. Законот требаше да важи за сите поранешни народни избраници почнувајќи од првиот парламентарен состав. Но, поради елементите нееднаквост и ретроактивност, шест месеци подоцна, Уставниот суд ги укина спорните членови. Сега, доколку Владата прифати, ова би било уште еден обид да се воведе специјален, бенифициран статус на пратениците

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2018 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега