Ременски: Никој не смее да биде привилегиран затоа што бил избран или именуван функционер

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски преку Фејсбук реагира на најавите за изработка на закон за обезбедување државна служба на пратениците по завршувањето на нивниот мандат. 

„Никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер.

Законите ги регулираат правата и обврските на сите избрани и именувани функционери за време и по завршување на нивниот мандат.

Ставањето во привилегирана позицијаза време и по престанок на функцијата е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост.

Наместо да се зголемуваат, привилегиите треба да се минимизираат. И тоа веднаш, пред да се уништи јавниот имиџ на функцијата пратеник кој и без тоа е доволно уништен“ напиша Фросина Ременски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2018 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега