Хит во домашната исхрана: Оваа билка го штити срцето, ја чисти крвта и го регулира варењето

Оваа билка го чува срцето, ја чисти крвта и го регулира варењето.Покрај препознатливиот вкус, се смета за одличен антиоксидант, а ја красат и бројни лековити својства…
Иако во светската кујна се користи веќе со децении, руколата во последните неколку години стана вистински хит кај нас.
Станува збор за медитеранска самоникната зелеста билка од фамилијата на брокула, зелка, келераба, кељ… Има благо-горчлив вкус и за разлика од дивата, култивираната рукола е покрупна и не е горка.
Богата е со витаминот Ц, каротен, витамините б комплекс, пектин, калциум, фосфор, железо, магнезиум, калиум и бакар. Се состои главно од вода и има доста јаглени хидрати и белковини. Содржи активни состојки кои имаат антиканцерогени својства, позитивно влијае на здравјето и го намалува ризикот од многу болести. Руколата е особено значајна во ракот на дојка.
Оваа билка има бројни лековити својства. Експертите истакнуваат дека руколата го чува срцето, го намалува ризикот од многубројни болести и содржи материи со антиканцерогени својства. Се смета за природен антибиотик, го регулира варењето, се користи за лекување на чир, остеопороза, хроничен запек, настинка и кашлица. Освен тоа, руколата ја чисти крвта, го подобрува лекувањето на болестите на црниот дроб и го намалува ризикот од рак на дојка.
Без оглед на тоа што има специфичен вкус, најдобро е да се консумира свежа, во салати, иако задржува неколку лековити својства при варењето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2018 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега