Исмаили потврди: Пратениците бараат државна работа и после мандатот

Група пратеници, меѓу кои и дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, бараат пратеничките бенефиции да им важат и по истекот на мандатот.Тие бараат кога ќе престанат да бидат пратеници, да ги чека работно место во државна служба.

Пратеникот на ДУИ и претседавач на собраниската група за реформи, Реџаил Исмаили, потврди дека пратениците бараат бенифициран статус и по завршување на пратеничкиот мандат и кажа дека има таков предлог, но дека се уште се разгледува.

-Има предлог од пратеници, има предлог, додека не се хармонизира со Владата, не можам ништо да ви кажам. Знате дека сме за тоа повеќе да не се даваат пари на тие што седат дома и знаете дека таков закон во минатото не помина – рече тој.

Во 2005 година беше изгласан Закон кој овозможуваше пратениците да се пензионираат со 25 години стаж и 55 години возраст, а пратеничките, со 25 години стаж и 53 години возраст. Законот требаше да важи за сите поранешни народни избраници почнувајќи од првиот парламентарен состав. Но, поради елементите нееднаквост и ретроактивност, шест месеци подоцна, Уставниот суд ги укина спорните членови. Сега, доколку Владата прифати, ова би било уште еден обид да се воведе специјален, бенифициран статус на пратениците.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега