Рускоска: За бегството на Груевски има пропусти, но веројатно се ненамерни

Обвинителката Вилма Русковска во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат рече дека се води предистрага и наскоро очекува да се отвори истрага за нарачателите и организаторите на упадот во Собранието на 27 април.

Таа го посочи телефонскот разговор на Нинџа со неговиот брат, дел од обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски, кој во тоа време беше во Виена и дека после него започнала организацијата на обвинетите за упадот и насилството.

Истакна дека се уште нема информации како е избеган Никола Груевски и дека ќе ги добијат снимките од камерите на граничните премини во Црна Гора, додека се уште се чекаат оние од Албанија. 

Русковска вели дека меѓудругото, со постапката се истражува и одговорноста и пропустите на институциите кои се вклучени во овој случај.

-Лоцираме евентуална одговорност на институции, а паралелно со тоа се обидуваме да го дознаеме движењето на на Никола Груевски, пред и за време на бегството, вели Русковска.

На прашањето дали имаат индиции за одговорност или пропусти кај некоја институција за бегството, Русковска вели: Мислам дека кај дел има пропусти. но мислам дека се работи  за ненамерни пропусти, вели Русковска, но не сакаше да прецизира за што се работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега