Метеоролозите со нови предупредувања: Промена на времето во Македонија

Антициклоналниот гребен кој владее над нашата држава и условува претежно стабилно и суво време ќе услови појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини и речни долини која особено во вечерните и ноќните часови може да биде и густа па така на сите оние кој планираат да тргнат на пат, да бидат крајно претпазливи и да не возат со преголема брзина доколку се најдат во ваква ситуација, информира метеорологот Славчо Попоски.

Најголеми услови за ваква појава секако има во Скопската котлина како и низ котлините особено кој се наоѓаат Долж Повардарието како и на југот од државава.

Како што претходно најавивме особено утре  и во понеделник ќе биде невообичаено топло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот дури од 8 до 15 степени, на местата со магла и со ниска облачност секако дека температурите на воздухот ќе останат значително пониски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега