Подгответе се: Нов студен бран во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура до минус три, а дневната температура ќе достигне до пет степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По одделни котлини и понатаму ќе има услови за појава на магла и пониски дневни температури. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега