Го користите при готвење, а не сте свесни дека нема подобар лек за кашлица од него

Ловоровиот лист одамна се цени како врвен зачин кој на јадењата им дава посебна арома, но и како природен лек кој дејствува противвоспалително и антисептички.

Листовите на древната зимзелена билка која расте ширум Медитеранот се богати со разновидни минерали (калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинг, магнезиум, селен) како и со витамините од групата Б кои се важни за метаболизмот, хормонската рамнотежата како и за нормалното работење на нервите и мускулите.

Ловорот се користи во лекувањето на дигестивните и кардиоваскуларните пречки, гихтот и реумата како и кај нервозата и несоницата.

Етеричното масло од ловорот е извонредно за инхалациите, а многу е корисно и за дезинфекција на просторот во сезоните на настинки и вирози.

Чајот и сирупот од ловоров лист се препорачува за јакнење на имунитетот, прочистување на дишните патишта и ублажување на кашлицата, болката во грбот и бронхитисот.

Чај од ловор

3 свежи или суви ловорови лисја искинете ги на помали парчиња или ситно исечкајте ги па прелијте ги со 2,5 децилитри вода и варете 10 минути. Тргнете ја смесата од ринглата и оставете 10 минути поклопено па процедете. Кога малку ќе се излади, додадете лажица лимонов сок и 1-2 лажица домашен мед. Пијте 2-3 шолји чај дневно.

Ловоров сируп

Подготвите 6 свежи или 8 суви лисја ловор, 2,5 децилитри вода, 6 лажица кафеав шеќер или мед, сок од 1 лимон.
Зовријте ја водата, а кога ќе зоврие, додадете го ловоровиот лист и поклопено варете 6-10 минути. Извадете го ловорот, а течноста прелијте ја во друг сад.

Додадете го кафеавиот шеќер (или мед) и исцедете го лимонот. Се добро измешајте додека шеќерот или медост сосема не се истопат.
Земајте 1-3 лажици од сирупот дневно (може да се зема студен или топол). Ловоровиот сируп чувајте го во ладилник, во стаклено шише. Така може да стои неколку дена, а потоа по потреба направете нов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2018 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега