Трајковски не му бил единствен гостин на Груевски во Будимпешта - го посетиле уште двајца?

Александар Трајковски, кој пред некое време беше фотографиран во Будимпешта во друштво на екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, најверојатно не му бил единствен гостин периодов.

Како што објавува Дојче Веле“, според неофицијалните информации кон Будимпешта со возило од Скопје тргнале уште две лица. Според изворите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за нив е познат идентитетот на едниот кој во полупрофил е снимен на 12-ти декември од унгарската „24“, кој разговара и седи непосредно до Груевски во ресторан во Будимпешта.

 

Според нив, на снимката е лице од Скопје, кое исто така е вработено во Царинската Управа на Македонија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега