Даштевски: Номинирањето на Заев за Нобелова е дел од неговата кампања за претседател

За дел од српските медиуми е пародија премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат номинирани за нобелова награда за мир.

Цитирајќи изјава од македонскиот политички аналитичар и претседател на Комисијата за дискриминација, Александар Даштевски, медиумите во соседната земја пишуваат дека номинацијата претставува дел од предизборната кампања на Заев за претседател на Македонија и дека  наградата нема да отиде во рацете на Заев и Ципрас.

-Нема основ да му биде доделена награда за мир, со оглед на тоа што во преговорите меѓу Грција и Македонија се работеше за решавање на билатерани односи меѓу двете земји, односно за спор во врска со името Македонија. Се работеше за дваесет обврски кои треба да ги исполни Македонија и само една која треба да ја исполни Грција – да не го блокира приемот на Македонија во ЕУ и НАТО, што е веќе предвидено со договорот од 1995 година. Сигурен сум дека Нобеловата награда ќе му биде доделена на некој кој ја заслужува, а ова е само пропаганда за да се омекне јавното мислење во Македонија, кое против договорот од Преспа, вели Даштевски, пренесе Фокус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега