Сонце за Божиќ: Какво време не чека за празниците

Нема да биде многу студено и што е можеби најважно, нема да има некои позначителни врнежи, ниту од дожд, ниту од снег.
Ваква временска прогноза најавуваат синоптичарите за празниците кои доаѓаат.
Најстудено се очекува да биде на новогодишната ноќ и првиот ден од идната година. Но температурите нема да одат длабоко под нула. Најниско, во текот на ноќта и во утрата ќе се спуштат од минус 5.
Во недела на 30 декември не чека еден убав сончев зимски ден. Дневните температури ќе се искачат до околу 8 степени во Скопје, што ќе биде околу една од повисоките измерени температури овој месец.
Во понеделник се очекува наоблачување и температури до 4 степени во текот на денот но и не пониски од минус два степени наутро.
Првиот ден од годината можно е да донесе и слабо провејување на снег. За очекување е тој да биде измешан со дожд па не се очекува некоја подебела снежна покривка. Температурите нема да надминат 2 степени, а најниско ќе се спуштат до 5 под нулата.
Во среда исто така ќе има услови за дожд и снег но не се очекува тие да бидат интензивни. Во четврток и петок не чека облачно време со максимални 4 степени и минимум околу 3 под нулата.

Во првиот викенд од новата година, односно за Бадник се најавува разведрување и ден во кој што ќе видиме сонце. Метеоролозите очекуваат да нема облаци па температурата да се искачи до 5 степени, а поради ведрото небо, минималната да падне до минус 4.
Во понеделник, на Божиќ уште еден ден со сонце и температури од 7 степени.
Според долгорочните прогнози кои не нудат голема прецизност, цел јануари нема да биде нешто посебно студен, односно нема да ги видиме оние температури кои одат пониско од 10 степени под нулата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега