Црна статистика: Скоро 25% од населението се иселило од Македонија

Статистиките за миграцијата се во фокусот на сите земји од регионот во последниве години, а според најновите истражувања на чешкиот картограф, лингвист и математичар Јакуб Марин, 24,8 проценти од населението се иселило надвор од Македонија.

Најмногу жители, кога станува збор за Балканот, ја напуштиле Босна и Херцеговина. Според Марин, со миграцијата структурата на населението во некои земји многу се изменила. БиХ има најголем процент на иселување. Според податоците на Марин, 43,5 отсто од граѓаните на БиХ живеат надвор од својата матична земја, а повеќето од нив имигрирале во Хрватска.

Шпанија има најниска стапка на емиграција, со само 2,7 проценти, а од Германија се иселиле 5 проценти од жителите.

Кога станува збор за земјите од регионот, Албанија е втора, од каде што се иселиле 38,8 проценти од населението. 20,4 отсто си заминале од Хрватска, додека 10,9 отсто од луѓето ја напуштиле Србија. Податоци се од 2015 година, но тие и денеска не се многу различни, можно е само некои бројки да се зголемиле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега