Ќе заборавите на руска салата: Шведската салата со компири е нешто највкусно што сте пробале

Оваа шведска салата од компири гарантирано ќе ја фрли во сенка руската салата.

Еве како да ја направите. 

За домашен мајонез потребно ви е:

1 жолчка

1,5 шолја масло

1 лажица оцет измешана со 150 милилитри вода

сол и бибер

Измешајте ја жолчката со лажица масло и оцетот со вода. Мешајте непрестано, додавајќи лажица по лажица масло и и малку оцет додека не ги потрошите состојките.

За салатата ви треба:

килограм излупени компири

8 крупно исечени сварени јајца

6 ситно исецкани кисели краставички

1 главица ситно исецкан кромид

една лажица мускатно оревче

малку кари во прав

Компирот се вари околу 20 минути и се остава да се излади. Додадете ги киселите краставички, кромидот, мускатното оревче и карито, а потоа и мајонезот. Добро измешајте и оставете да отстои во фрижидер барем еден час.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега