Михајловски: Најголемите виновници за 27. април ќе бидат помилувани
Сметам дека осумтемина пратеници кои формираа посебна пратеничка група во Собранието, не ги уцени Зоран Заев, туку, оној што ги стави на листите да станат пратеници, така само може да биде тоа изводливо, вели Тони Михајловски кој гостува во емисијата „Отворено на Алфа“.
-Мислам дека Заев не можеше да ги скрши. Не ги уцени Зоран Заев, туку, оној што ги стави на листите да станат пратеници. Нормално, приликите кои самите ги направија доведоа самите да се донесат до сопствената точка на топење, па сега се испазарија. Крсто Мукоски, Сашо Василевски се најголемите виновници за 27 Април, тие ги отворија вратите, а сега имаат право на помилување, а луѓето што говореа пред Собрание и ја смируваа толпата немаат. Се гледа кој за кого работел. Осумтемината ги прекршија конгресните одлуки на партијата и затоа беа исклучени од партијата, вели Михајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа