Честитка од Џафери по повод католички Божик

 Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка до граѓаните кои го слават Божик според Грегоријанскиот календар.

– Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, да го честитам големиот празник Божиќ на сите граѓани кои го слават по Грегоријански календар и воедно, да им посакам празникот да го поминат опкружени со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли, јасни пораки за соживот и заемна почит меѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, топлина во семејството и напредок и благосостојба за вас, за вашите најблиски и за сите граѓани на Република Македонија, стои во честитката. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега